Петков за ситуацијата со Украина: Ќе заземеме одговорна позиција

од Берта Китинска
212 прегледи

Според Петков, Советот за безбедност на бугарската Влада ќе биде главниот орган за донесување сериозни одлуки кога станува збор за безбедноста.

Тој информира дека на денешната седница ќе се анализира состојбата и ќе се дадат препораки за утрешното заседание на бугарската Влада.

-Бродовите што се надгледуваат и авионите што доаѓаат овде не се вонредна состојба, тоа е дел од одлуката да се зајакне контролата и заштитата на НАТО и да се зголеми влезот на воени бродови во Црното Море, но нема нова рамка. Денес ќе разговараме за целата ситуација. Во овој момент Советот за безбедност е доволен, препораката со која ќе излеземе од овој совет утре ќе ја усвои Советот на министри и јас ќе одам во парламентот да расправам. Бугарската јавност ќе биде целосно запознаена. Ќе заземеме одговорен национален став, ќе го презентираме. Оваа позиција целосно ќе се усогласи и ќе го оптимизира бугарскиот интерес. Најважно за нас е одлуките што ги носиме да бидат национално одговорни. Не е време за политика, имаме национален интерес во моментов. Работите што треба да се донесат како одлуки се базираат на реални анализи, а не на некакви ПР кампањи, додаде Петков.

Слични содржини