Петковиќ: Курти сакаше да ги натера Србите да гласаат во контејнер, но Србите го испратија Курти во политички контејнер

од Stefanija Kuzmanovska

Петар Петковиќ, директор на Канцеларијата за Косово, денеска соопшти дека на изборите во четири општини на северот на Косово учествувале 1.566 Албанци и 13 лица од српска националност, 3,47 отсто, од вкупно запишаните 45.095 гласачи.

Тој на медиумската конференција во Владата на Србија додаде дека на овие избори во избирачкиот список биле запишани 1.345 гласачи повеќе отколку на претходните локални избори.

Споредувајќи ја излезноста на овие избори со изборите одржани пред две години, Петковиќ рече дека во 2021 година гласале 28.095 Срби и 2.015 Албанци, додека сега гласале 1.566 Албанци и 13 Срби.

Според неговите зборови, годинава 449 Албанци помалку гласале од претходните избори, а очигледно е дека и припадниците на албанската нација ги бојкотирале изборите.

Петковиќ прецизираше дека на северот на Косовска Митровица гласале две лица од српска националност, седум во Лепосавиќ, четворица во Звечан и ниту еден во Зубин Поток.

Изборите што денеска се одржаа во Косовска Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток, тој ги оцени како антидемократски, спроведени во контејнери, со долги цевки и посочи дека целта на овој изборен процес е „окупација на северот на Косово“.

Тој рече дека изборниот ден поминал мирно и дека немало никакви инциденти и покрај најавите на приштинските власти.

„Курти сакаше да ги натера Србите да гласаат во контејнер, а испадна дека Србите го испратија Курти во политички контејнер. Колку повеќе Приштина сака да го пороби српскиот народ, толку посилна е нивната желба за борба. Само 13 лица од српска националност земале дел на изборите, целиот народ се обедини и бојкотира и со тоа го поддржа Александар Вучиќ.Тоа докажа дека српскиот народ и Српската листа се едно“, рече Петковиќ

Порача дека „нема да одиме ни чекор напред додека не се формира Заедницата на српски општини“.

Слични содржини