Петковски: Алтернатива го искористи моментот, настапија со максималистички барања

од Nikola Popovski
359 прегледи

Мислам дека на Македонија не и се потребни парламентарни избори. Како коалициски партнер сметаме дека не треба да дозволиме државата да влезе во нови турбуленции со предвремени избори. Добро е што се зголемува парламентарното мнозинство и 65 пратеници е веќе пристојно, изјави претседателот на НСДП, Тито Петковски после средбата на сите коалициски владини партнери со премиерот Зоран Заев возградата на Владата.

Тој смета дека Алтернатива добро го искористила моментот.

-Тие настапија со максималистички барања. Им легна моментот. Со 4 пратеници бараа тоа и тоа, вработувања, функции. Објективните проценители би рекле дека бараат многу. Сепак тоа не се нови 40 места, туку места што ги имале СДСМ, ДУИ, БЕСА и ДПА досега. Ќе остане горчина дека Алтернатива бара многу и постои опасноста од парламентарни избори, за кои уште еднаш велам дека не се потребни, појасни Петковски и додаде дека Алтернатива „не умрела“ толку за евроинтеграциите на земјава, па тоа да биде пресудното што одлучила да влезе во Владата.

Слични содржини