Партиите изгубија, граѓаните добија на овие локални избори, вели Тито Петковски во Утрински брифинг.
-Очекувањата на нашата коалиција беа поголем ,но доколку се земат во предвид случувањата во изминативе 4 години, парламентарните избори, внатрешните пропусти и надворешната политика мислам дека и добро поминавме. Во вториот круг може да се смени нешто. Граѓаните со ова рекоа, ако продолжите вака ќе ве казниве и позиција и опозиција. Според мене не е добро да се останува дома и да се казнува централната власт кога имаме локални избори, Заев и Мицкоски нема да бидат градоначалници ниту советници. Тука работата излезе надвор од локалните интереси на граѓаните, коментира Петковски.
Во врска со најавата на Заев за оставка ако не победи Шилегов за градоначалник, Петковски објаснува дека градоначалничката позција не е поврзана со позицијата на Владата.
-Нека ми прости премиерот ама ова е неодговорна изјава. Владата е формирана пред една година, неговиот мандат трае уште четири години. А, позицијата на Шилегов не е поврзана со позицијата на Владата, вели Петковски.