Петковски: Требаше да има радикални чекори, искреност во намерите и борба против неказнивоста

од Ивана Рамаданова

И покрај тоа што најдобрата работа што ја направи оваа власт беше решавањето на големите национални прашања, односно ставање во рамка на сите национални прашања што ја тиштеа државата во последниве три децении, сепак особено потфрли во делот на испорачување на правдата, изјави извршниот директор на Центарот за европски стратегии – Евротинк, Љупчо Петковски.

„Оваа држава има големи проблеми и требаше да има радикални чекори, искреност во намерите и борба против неказнивоста. Луѓето бараат правда, сакаат да почитуваат правда. Европа е симбол за правда. Мислиме дека ни треба Европа затоа што сакаме правда, затоа што сакаме да не може секој моќник да не помине неказнето“, вели Петковски.

Оценува дека недобивањето датум за Северна Македонија и Албанија е непромислена одлука, со која одредени западни земји ги наградија ретроградните сили на Балканот.

Посочува дека со целата приказна со француското вето, во земјава се уби надежта, а, како што вели без надеж има апатија и цинизам и се случуваат некои лоши трендови од кои капитализираат неколку прогресивни политички елити.

 

Слични содржини