495
Претседателот на НСДП, Тито Петковски смета дека оваа влада може да издржи уште 2,5 години до крајот на мандатот, доколку структурата остане иста.
Според него, има сериозни најави за поголемо парламентарно мнозинство од Алтернатива.
-Владата е стабилна. Доколку опозицијата смета дека нема простор за консолидација, тогаш нека предложи да се гласа за доверба и ќе биде јасно за три дена. Не се во состојба да се обезбеди тоа. За една година не се троши кредибилитетот на владата. Еве на пример, ако идеме на предвремени избори и опозицијата изгуби, дали треба да ги повториме и локалните избори. Мора да се прави разлика. Оваа влада не го изгуби кредибилитетот со оставката на премиерот, потенцира Петковски во емисијата „Само интервју“.