Вчера имав околу 45 минутна лична средба со Заев. Ништо не се промени од тоа расположение од претходно, рече претседателот на НСДП, Тито Петковски во емисијата „Само интервју“ во однос на оставката на премиерот Зоран Заев.
Тој потенцира дека премиерот во заминување е уште посигурен и со многу аргументи зошто треба да си замине од функцијата.
-Јас ја застапувам тезата дека немаше потреба за оставката. Станува збор за локални избори и тоа е друго ниво од парламентарните. Не може да се изгуби кредибилитетот само за една година. Сепак, тој е жртва на несвојствената кампања за локални избори. И тој и Мицкоски наметнаа како да станува збор за да се биде или не. Заев постави високо ниво за прескокнување, во однос на освојувањето на Скопје, рече Петковски.