Петличковски: Ако ги оставиме децата неимунизирани, се создаваат можности за пренос на вирусот

од Берта Китинска
405 прегледи

Директорот на Институт за имунологија, Александар Петличковски смета дека третата доза нема да помогне во зголемување на колективниот имунитет.

„Бустер дозата кај нас нема многу да помогне за колективен имунитет, бидејќи има луѓе кои не примиле ниту прва доза“, изјави во интервју на Утринска на Телма, директорот на Институт за имунологија, Александар Петличковски.

Тој појани дека 6 месеци од примањето на втората доза вакцинаца поголем е бројот на новоинфициран, отколку кај оние кај кои не поминал тој период после имунизацијата.

Нo тоа не значи дека завршил имунитетот, туку дека шест месеци се покриени, а после шест месеци вакцините даваат долготраен имунитет.

Петличковски смета дека треба да се вакцинираат и децата, односно населението под 18 години.

„Ако ги оставиме децата неимунизирани, а тие одат во школо, се создаваат можности за пренос на вирусот“, вели директорот на Институт за имунологија. Според Петличковски границата за вакцинирање на децата е куса, иако децата се справуваат добро.

Слични содржини