Сите бевме затекнати од пандемијата. Се трудевме да се органзииравме. Секако можеше и подобро. Можевме да имаме 2000 жртви помалку ако сите бевме вакцинирани. Направивме пропусти како држава, систем и здравство и ова е заслуга на сите нас, вели за Студио 10, др.Александар Петличковски.
На прашањето дали КЗБ стравува дека препораките кои се јавно објавени за лекување на ковид можат да бидат искористени од луѓето и сами да се лекуваат, докторот рече: „Не стравуваме подобро е да се лечат според протоколите, отколку да се лечат од рекла кажала“
Тој потенцираше дека за разлика од другите земји ние го избравме поризичниот пат, со помала стапка на вакцинираност, а со поголема стапка на прележаност.
-Ние ќе стигнеме до една поголема стапка на имунитет повеќе со прележување отколку со вакцинација. Човек да избере да прележи корона наместо да се вакцинира е многу опасен рулет. Тезата да ги тргнеме маските нема никаква врска со науката, вели Петличковски.