Петличковски: Несаканите ефекти од АстраЗенека не би требало да се поврзани со случајот на пулмологот Ѓорчев

од Nikola Popovski
576 прегледи

„Тоа е лоша вест, иако иницијативата за вакцинација беше племенита и позитивна, но од информациите што ги имам претпоставувам дека до слошување дошло веднаш после примањето на вакцината. Значи тука освен возбуда, нема некој елемент што може да укаже на небезбедност на вакцината“, вели имунологот Александар Петличковски за случајот со доктор Ангелко Ѓорчев, кој падна во кома откако се вакцинирање со вакцината АстраЗенека во Ниш.

Според него, несаканиот трагичен настан не би требало да се поврзи со несаканите ефекти од вакцината.

„Целото патување и возбуда придонело до оваа случка“, изјави Петличковски.

Состојбата на докторот Ѓорчев е непроменета и тој се уште е во кома, изјави денес директорот на Универзитетскиот клинички центар, Зоран Перишиќ за БЕТА.

„Анализите покажаа дека неговата состојба не е последица на примената вакцина“, додал Перишиќ.

Лекарите ги елиминирале срцевите проблеми како причина за состојбата, бидејќи е направена коронарна ангиографија и се проверува состојбата на четирите бајпаси што ги имал пациентот од претходно.

Слични содржини