Петличковски: Пандемијата не е завршена, но трендот е многу добар

од Берта Китинска
331 прегледи

Пандемијата не е завршена, но трендот е многу добар. Во последните четири недели од извештаите на Институтот за јавно здравје гледаме намалување на сите релевантни параметри што ја проценуваат состојбата со пандемијата, изјави за Утрински брифинг претседателот на Комисијата за заразни болести Д-р Александар Петличковски.

-Имаме намалување на бројот на позитивни случаи, имаме намалување на бројот на хоспитализирани, имаме намалување на бројот на починати заразени од ковид и се на сѐ одиме во добра насока, додава Петличковски.

Тој е оптимист дека во скоро време би можело да се разговара за ограничување на маските.

-Идејата на Комисијата е олеснувањето на овие мерки да оди постапно. Мислам дека е добро да ги неутрализираме мерките кои би имале најмалку влијание на евентуално влошување на ситуацијата, но се надевам на комплетно ослободување на мерките, вели Д-р Петличковски.

Слични содржини