Петличковски: Третата доза е најдобра заштита од смртни случаи

од Nikola Popovski

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски соопшти дека отворени се уште три пунктови за ковид-тестирања во Скопје. Од денес отворени се пунктовите во Ѓорче Петров, Идадија и Бит-пазар и тие се активни за закажување и во нив може да се закажуваат термини за тестирање преку матичен лекар.

-Дополнително планираме отворање на пунктови и во центрите за јавно здравје, да го скратиме периодот за тестирање. Разговаравме и ја анализиравме и смртноста од Ковид-19 и најголем дел од нив се невакцинирани или нецелосно вакцинирани. Силен апел сите граѓани да се имунизираат и да примат и трета доза. Многу малку се хоспитализирани со трета доза и немаме регистрирано починати, рече Петличковски на прес-конференција, додавајќи дека третата доза е најдобра заштита од смрт.

 

Слични содржини