Страшна трагедија се случи вчера попладне во Топола, централна Србија, во која пет лица го загубија животот откако се задушија во септичка јама на семејна фарма. Според „Блиц“, несреќата се случила кога еден маж паднал во јама, а други членови на семејството се обиделе да го извлечат. Тие самите загинале во тој обид.
Пожарникарите и екипите на брзата помош веднаш пристигнале на местото на настанот.
Четири лица загинаа на самото место, додека петтата жртва, жена, била пренесена во болницата во Аранѓеловац во критична состојба, каде што подоцна починала.
Меѓу загинатите се дедо, баба, син, внук и сосед на семејството. Најмладата жртва е дваесетгодишниот Филип Јокиќ, студент на Економскиот факултет во Крагуевац.
Колегите од факултетот се збогуваа со Јокиќ со емотивна изјава.
„Со длабока тага и неверица, ја примивме веста за трагичната смрт на нашиот колега Филип Јокиќ, кој, заедно со својот татко, дедо и баба, загина во несреќа во Топола. Неговото заминување не е загуба само за семејството, туку и за целиот наш факултет и заедницата на која ѝ припаѓаше. Во овие тешки моменти, изразуваме најдлабоко сочувство до семејството Јокиќ. Со вас сме во нашите мисли, молитви и секој збор на поддршка. Почивај во мир, Филип“, споделија тие.