Пет смртни случаи поради екстремно високите температури се забележани во еден регион во Италија, каде денеска во јужниот дел температурите се искачуваа до 45° Целзиусови.
Во 10 часот на островот Сицилија температурите веќе изнесуваа 30°.
Слична беше ситуацијата и на истите географски ширини источно – во 10 часот утрово 36° Целзиусови беа регистрирани во Истанбул, а на грчкиот остров Лезбос 38°.
Италијанските власти соопшти дека само во јужниот регион Апулија во последните неколку дена има дури 5 смртни случаи што би можеле да се поврзат со високите температури. Во Палермо, главниот град на Сицилија на сила е највисокиот метео-аларм, а предупредувања се издадени за голем број градови во Италија.
За високите температури во Италија, но и во останатиот дел од Медитеранот, метеоролозите ја обвинуваат големата маса со висок притисок од Африка, феномен што стручњаците го нарекоа „Камел“.