Петок 11. октомври – неработен за сите граѓани

од Nikola Popovski
16 прегледи

Министерството социјална политика, демографија и млади соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 11 октомври 2024 година (петок), Ден на народното востание, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Истовремено, Министерството социјална политика, демографија и млади на граѓаните им го честита Денот на народното востание.

Ден на востанието на Македонија или Ден на народното востание на македонскиот народ познат и само како 11 Октомври — државен празник кој се празнува на 11 октомври во Македонија. Востанието е против фашизмот и со тоа започнува борбата за ослободување на македонскиот народ.

Слични содржини