Петре Шилегов нов претседател на ЗЕЛС

од desk4
79 прегледи

Оваа функција која ја вршеше неговиот претходник Коце Трајановски, Шилегов вели дека ја доживува како одговорност повеќе, а приоритет ќе биде продолжување на процесот на децентрализација и подобрување на финансирањето на општините за тие да добијат што поголема економска и финансиска самостојност.

„Добро е што заложбите на владата на Македонија одат во иста насока, а тоа е зголемување на децентрализацијата на власта на подобрување на финансирањето на општините како единици на локална самоуправа во кои кои граѓаните најнепосредно учествуваат во партиципирањето на власта, да добијат што е можно поголема економска и финансиска самостојност.“ – изјави Петре Шилегов – претседател на ЗЕЛС.

На конститутивна седница на Генералното собрание беа избрани сите тела на ЗЕЛС. Новиот потпретседател на ЗЕЛС, Висар Ганиу рече дека новиот концептот ќе биде рамномерен за сите општини да имаат ист третман.

„Ние треба да ги афирмираме сите тие проблеми што се во нашите општини треба да ги зачуваме општините и во иднина за сите тие проблеми со кои се соочуваат граѓаните и општините во иднина да го браниме интересот на општините.“ – изјави Висар Ганиу – заменик претседател на ЗЕЛС.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку партиско соопштение се огласи дека нема да учествува на конститутивната седница поради како што велат недемократското однесување на власта. Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев од партијата на Груевски иако не беше присутен беше избран за заменик на Шилегов.