Петрески: Реализацијата на капиталните расходи од 43% за десет месеци покажува дека имаме слаб капацитет за спроведување на инвестиции

Според неа, разликата меѓу перцепцијата и бројките доаѓа од тоа што често се промовираат бројни започнати, но многу помалку завршени проекти.

од Vladimir Zorba
31 прегледи Фото: Фејсбук/Фајнанс тинк

Реализацијата на капиталните расходи од 43% за десет месеци покажува дека и натаму имаме слаб капацитет за спроведување на инвестиции, било поради административни пречки, доцнење во јавни набавки или нереално планирање, вели во интервју за „Бизнис Инфо“ Благица Петрески, економист и извршна директорка на „Фајнанс тинк“.

Според неа, разликата меѓу перцепцијата и бројките доаѓа од тоа што често се промовираат бројни започнати, но многу помалку завршени проекти.

-Оваа состојба ги рефлектира системските слабости во планирањето и имплементацијата на капиталните расходи. Проблемот не е само во Министерството за финансии, туку и во линиските министерства, кои често имаат амбициозно, но неусогласено планирање со нивните реални капацитети, вели Петрески.

Целото интервју на следниот линк!