Петров: Мерката за финансиска поддршка од 14,500 денари по вработен е за заеднички да ја пребродиме оваа криза

од Берта Китинска
173 прегледи

Како претприемач чија компанија е погодена од кризата со коронавирусот, го разбирам вашиот страв. Се прашувате како да ги подмирите трошоците во вашата компанија, како да го зачувате бизнисот што сте го граделе со години, но најважно како да ги зачувате работните места на вашите колеги, изјави на денешанта прес-конференција Коста Петров, потпретседател на СДСМ.

Тој напомена дека мерката за финансиска поддршка од 14,500 денари по вработен е за да се преброди  оваа криза и да се зачуваат работните места на луѓето .

„За оваа мерка може да се аплицира веќе од минатиот петок и според Управата за јавни приходи, за оваа финансиска помош веќе аплицирале над 12,400 компании. Апелирам до сите вас што сеуште немате аплицирано, да го направите тоа најдоцна до 7ми мај преку системот за е-даноци на УЈП.Оваа мерка можат да ја искористат СИТЕ компании кои ги исполнуваат следните услови:

· Намалени приходи од над 30% во април и мај споредбено со просекот од месеците во 2019та година.

· Да не се исплаќа дивиденда или бонуси за време на користење на мерката.

· Да нема над 120.000 денари нето плата на над 10% од вработените.

Мерката е достапна за сите вработени кои имаат нето плата до 39.900 денари, за сите управители и сопственици со нето плата до 39.900 денари но и за вработените кои веќе ја користат мерката за субвенционирање на придонесите за покачување на платите. Мерката можете да ја искористите и за вашите колеги кои сте ги одјавиле во период од 11 март од 30 април, ако ги вратите во повторен работен однос, односно ги пријавите до 7 мај“, изјави Петров.

Слични содржини