Петров: Постои согласност меѓу Владата и САД за борбата против корупцијата

од Vladimir Zorba
257 прегледи

Несомнено е направен консензус меѓу македонската Влада и стратешкиот партнер САД, бидејќи ако ги гледате изјавите на премиерот и амбасадорката се во ист правец, што значи дека има согаласност, рече Андреј Петров, членот на Извршниот одбор на СДСМ. Тој во гостувањето во „Само вистина“ кажа дека неопходен е одреден ветинг, односно проверка на функционерите.

-Генерално корупцијата треба да се сузбива, но не само со кампања, туку и со системско дејствување. Ако извадите документ и некого почастите, не, туку му е обврска тоа да го направи. Тоа ја генерира општата клима, а капацитетот на администрацијата го дозволува тоа. Стратешки интерес е членството во ЕУ и НАТО. Тоа е гаранција дека корупцијата ќе биде сведена на минимум, рече Петров.

Според него, со членството во Унијата институциите што се борат против корупцијата мора да станат функционални.

-Корупцијата го разјадува општеството, го руши судскиот систем, административните капацитети и има некомпетентни луѓе на вистински позиции. САД се најголем поддржувач на земјава и историски и во овој момент. Во идеални услови би било одлично сами да се справивме со корупцијата, но понекогаш во дијагнозата се покажува дека треба и помош, кажа Петров.

Слични содржини