„Ние изминатите три години секој ден слушаме „предвремени избори, само што не се случиле, утре ќе се случат“, и добро е што конечно што ВМРО-ДПМНЕ вели „во ред, изборите ќе бидат редовни“, што е поместување од претходниот став што го слушавме. Ја слушнав изјавата на Мицкоски пред некој ден, „во ред, признавам СДСМ победи, избoрите ќе бидат редовни“, изјави Андреј Петров, член на ИО на СДСМ.
Тој додаде дека граѓаните сакаат редовни избори, не сакаат предвремени избори. Граѓаните на сите анкети кажуваат дека сакаат редовни избори. Притоа истакна дека наративот дека мај и јуни дека се изборите, тоа не е точен и дека првиот рок за претседалски избори е 14 март а завршувањето на конституирањето на парламентот е 4 август. Тоа е некој период од шест месеци.
„Ако се успее да се најде некаква можност во која законските термини се допираат, ајде да видиме која е таа. СДСМ поддржува да се седне да се разговара и со ВМРО-ДПМНЕ и со политички партии за да се договори идеалниот термин за избори. Притоа треба да се води сметка за ставот на граѓаните, треба да се води сметка ако можеме да ги редуцираме трошоците, да ги редуцираме, бидејќи ова е сиромашна држава и нема многу пари за трошење, меѓутоа мора да се почитуваат демократските институции и роковите дадени од Уставот“, потенцираше Петров.
Тој додаде дека преклопувањето е во лош термин, за Велигден. „Православните верници не би сакале да гласаат на овој голем празник“, истакна тој.