Петров: Трите денари од повисоката акциза одат директно во буџетот за справување со коронавирусот (ВИДЕО)

од Берта Китинска
383 прегледи

„Владата на Република Северна Македонија, согласно претходно направените анализи на Министерството за финансии и Царинската управа донесе уредба за времено и условено зголемување на акцизата на горивата за три денари за време на вонредната состојба и седум месец по истекувањето на вонредната состојба, како резултат на намалување на цените на нафтата на странските берзи и на потрошувачката на гориво“ рече на денешната прес конференција Коста Петров, потпретседател на СДСМ.

„Би сакале да напомениме, дека се работи за антикризна мерка и во случај на зголемување на цената на нафтата, акцизата ќе се намали или ќе се врати на претходното ниво. Многу поважно, трите денари од повисоката акциза за нафтените деривати, одат директно во буџетот за поддршка на стопанството, социјалните мерки за поддршка на граѓаните и за поддршка на нашиот здравствен систем“, посочува Петров.

Слични содржини