Петров: ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги игнорира пораките на нашите стратешки партнери (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
141 прегледи

„На младите во нашата земја им е здосадено од неизвесност и политичари без јасна визија“, соопшти денеска Коста Петров, потпретседател на СДСМ.

„Разочарувачки е ставот на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ околу Договорот од Преспа и враќање на нашата земја во време во кое беше неизвесно каде нашата држава, а со тоа и иднината и просперитетот на младите се движат“, смета Петров.

Според него, опозициската партија „продолжува да ги игнорира пораките на сите стратешките партнери“ дека Договорот од Преспа го откочил патот за Северна Македонија да стане НАТО-сојузник и да го продолжи патот кон ЕУ.

– Тие го игнорираат и фактот дека токму Договорот од Преспа нѐ придвижи напред од позицијата на 11 годишната стагнација и неизвесност во која западнавме кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, посочува потпретседател на СДСМ.

Слични содржини