Петровска: Донацијата во воена помош не ни ја нарушува борбената готовност, таа опрема ни ја побара украинската страна

од Stefanija Kuzmanovska
221 прегледи

Буџетот на Министерството за одбрана за наредната година е рефлексија на стратешките планови за развој на безбедноста и исполнување на обврските, рече министерката Славјанка Петровска во гостувањето во „Топ тема“. За следната година тој изнесува 1,85% од БДП и според неа големината на овие средства не се припишуваат на она што се случува во Украина.

„Секако дека ги следиме случувањата, а исто така значајно е да ги испониме преземените обврски од 2% од БДП за одбраната. Во тие долгорочни планови процентот за наредната година беше малку повисок, но ни беше значајно сите обврски да бидат покриени. Не инсистирам на уште поголем процент, зашто имаме разбирање дека треба да се финансираат и други нешта, како поддршка на компаниите и ранливите категории на граѓани“, рече Петровска.

Коментирајќи ја помошта за Украина, таа каже дека поради безбедносен ризик не се откриени деталите.

„Немавме намера да криеме што донираме уште од првата одлука, иако таа одлука беше донесена на затворена седница на Влада, каде што јас кажав дека треба да и соопштиме на јавноста дека донесовме одлука за воена помош за Украина. Добро е што политичката поддршка е недвосмислена и важно е што имаше поддршка Украина да си ја одбрани својата територија. Нашата цел е одвраќање на напад и одбрана на својата територија, но како Алијанса имаме обврска да си ја штитиме нашата територија. Политиките и одлуките што последниот период се носат во НАТО се во таа насока и затоа распоредуваме сили во источното крило, затоа имаме два вода во Бугарија и Романија“, кажа Петровска.

Министерката додаде дека опремата што е дадена во Украина не ја нарушува борбената готовност на земјава. Таа опрема ни ја побарала украинската страна и е тип на опрема со која нивните сили се научени да ракуваат.

Слични содржини