Петровска и Џафери на вежба во штипската касарна: Се очекува нова пратка од 27 оклопни возила

од Берта Китинска

Министерката за одбрана Славјанка Петровска со претседателот на Собранието Талат Џафери и членови на Комисијата за одбрана, во штипската касарна, присуствуваа на тактичките перформанси на новите, најмодерни оклопни возила на Армијата, JLTV Oshkosh.

-Честитки до припадниците на вториот баталјон од 1. пешадиска бригада на Армијата кои ја изведоа вежбата и уште еднаш покажаа дека оценката „борбено способни“ која ја добија во рамки на НАТО оценување пред неколку месеци е оправдана и заслужена.Првите 6 нови лесни оклопни транспортери од американско производство пристигнаа во јули годинава и со нив значително е подобрена борбената готовност на Армијата. Очекуваме во следниот период да биде испорачана нова пратка од 27 возила од овој тип, вели Петровска.

Слични содржини