Петровска: Мицкоски сака да ја диктира работата на пратениците

од Nikola Popovski
320 прегледи

„Опозицијата е под силно влијание на својот лидер, кој очигледно иако не е дел од Собранието, но сака да ја диктира работата на пратениците“, вели пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска за емисијата „Утрински брифинг“.

Според неа, секој вид на средби кои се во интерес на деблокирање на Собранието се добредојдени.

„ВМРО-ДПМНЕ нема логично објаснување зошто не сакаше да го усвоиме дневниот ред за седницата во вторникот. На таа седница тие неразумно бараа да бидат изземени само законите од пакетот на економски мерки, додека останатите да почекаат за идно време“, додаде Петровска.

Премиерот Зоран Заев вчера од Велес најави дека денеска ќе се бара решние за блокадата.

„Еден дел од важните закони за жал се изблокирани. Сите опции се на располагање, од средби на координатори на пратенички групи па се до лидерска средба и вонредна состојба за да се ослободат институциите да носат одлуки што се од животно значење за нашиот народ. Ќе ја направам консултацијата, дали во Собранието, дали во Клуб на пратеници, сакаме да најдеме решение“, рече Заев.

Слични содржини