Петровска нема да гласа на изборите за нов лидер на СДСМ и бара времено раководство на партијата

од Nikola Popovski
118 прегледи

Кандидатката за претседателка на СДСМ, Славјанка Петровска денеска побара да не се одржат внатрепартиските избори во недела на 30-ти јуни. Вели дека нејзиното име ќе се најде на избирачкото ливче, но лично нема да излезе да гласа и смета дека треба и останатите кандидати треба да го направат истото.

-Не е прашањето кој ќе биде избран од нас четворива. Влогот е многу поголем – во прашање е СДСМ и легитимитетот на сите одлуки кои во иднина треба да бидат донесени. Со едно раководство кое ќе биде времено и избрано согласно измени на Статут. Сме имале многу тешки ситуации и со договор сите тие биле надминувани, рече Петровска денеска од пред седиштетото на партијата на „Бихаќка“.

Во изјава за медиуми, Петровска посочи дека до неа стигнале многу информации од членови и од општински организации за сериозни неправилности околу избирачките списоци и побара изборите за претседател закажани за в недела да не се одржат, а наместо тоа да се избере времено раководство на партијата.

Петровска порача и дека изборниот процес бил нефер, односно еден од противкандидатите имал пристап до базата на податоци и ги злоупотребувал личните податоци на членовите на партијата.

„СДСМ на секој еден од нас и на кандидатите и на членовите и симаптизерите ни е премногу важен за да го ставиме пред било чии интереси, и затоа ги повикувам останатите противкандидати, во недела да не се одржи гласањето, да одржиме состаноци во рамките на партијата, да се договориме и да избереме времено раководство на партијата, кое ќе биде во можност да спроведе фер и демократски избори тогаш кога ќе се создадат услови за тоа“, додаде пратеничката.

Денеска имало и средба помеѓу кандидатите за претседател, а според информациите не учествувал само Венко Филипче.

Токму ексминистерот за здравство и актуелен пратеник, Петровска, директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), Јован Деспотовски и заменик-министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски, веќе „трчаат“ во трката за нов лидер на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Повикот за избор на нов лидер беше објавен откако СДСМ доживеа катастрофален пораз на парламентарните избори на 8 мај, кога освои вкупно 18 пратенички места. На изборната вечер, партискиот лидер во заминување Димитар Ковачевски најави оставка и повика на нови внатрешни избори на сите партиски тела, на централно и на локално ниво.

Слични содржини