Петровска: Опозицијата ликува на изјавите на Бугарија против почетокот на преговорите со ЕУ

од Nikola Popovski
243 прегледи

„Не ми е јасно зошто опозицијата се лепи на изјавите на единствената земја-членка на ЕУ која наоѓа замерки. Кога имате изјави на вискои претставници на ЕУ, кои велат дека сме ги исполниле критериуми за почеток на преговори, а една земја наоѓа замерки, мислам дека опозицијата треба да застане во заштита на интересите на државата, а не да ликува на таквите изјави од други држави“ изјави пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма.

Пратеничката објасни дека поострата реторика во Бугарија пред нивните избори била очекувана, но потребно е подлабинско анализирање на односите помеѓу двете земји.

„Со Бугарија се уште имаме пријателски односи, но во последните месеци се случи некаква промена. Тоа треба да се анализира подлабиснки“ изјави Петровска.

Таа додаде дека иако е мала веројатноста за решение со Бугарија во преговарањето со техничката влада, сепак ние не треба да се откажуваме.

„Преговорите треба да течат без разлика што Бугарија има техничка влада. Изјавите кои ги чувме денес и вчера од ЕУ, повикуваат дека разговорите со Бугарија треба да продолжат“ потенцираше Петровска.

Слични содржини