Петровска: Полицијата не упаѓала по џамии, има само телефонска комуникација со имамите

од Nikola Popovski

Дополнителната заменик-министерка Славјанка Петровска за „360 степени“ на Ал Сат ТВ изјави дека полицијата не упаѓала по џамии како што тврдеше денеска ИВЗ, туку таа успешно остварувала комуникација со поглаварите на верските заедници и со имамите на верските објекти, преку телефонски контакти.

„Сметам дека изминатиот период полицијата малку попушти со дисциплината, но оние снимки кои излегоа во јавноста и критиките го вклучија алармот во МВР и затоа се издадени инструкции и за дополнителни контроли врз полициските службеници кои ги спроведуваат овие мерки, а со цел успешно нивно спроведување“, смета Петровска.

Слични содржини