Петровска: Се уште ми е рано да се кандидирам за претседателка на СДСМ

од Nikola Popovski
254 прегледи

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска смета дека не претставува изненадување кандидатурата на Фросина Ременски за претстојните претседателски избори во владеачката партија.

-Со оглед на тоа што СДСМ од минатиот пат го бира претседателот на непосредни избори, каде што право на кандидатура имаат сите кои ги исполнуваат условите. Секој што е член на СДСМ е добредојден да ја достави кандидатурата и секако да ја образложи пред членовите, рече Петровска во гостувањето на емисијата „Само вистина“.

На прашањето дали самата размислува да влезе во трката за нов лидер на партијата, Петровска потенцира дека „се уште ѝ е рано за таков чекор“.

-Сепак мислам дека во политиката, ако сакате да допринесете треба да го најдете соодветното место, од каде ќе го постигнете тоа, вели Петровска.

Слични содржини