Денеска сум со вас и помеѓу вас да ја побарам вашата поддршка за советничката листа на СДСМ и коалицијата бидејќи знам дека тоа е патот до европско Тетово, рече Славјанка Петровска, министерка за одбрана и членка на ЦО на СДСМ.
Таа потенцира дека два аргументи даваат најдобар одговор на прашањето зошто во Советот на градот треба да има што повеќе советници од СДСМ и коалицијата.
-1. За да се запре она што не треба да се прави и да се поттикнат проекти кои се од корист за сите вас.
2. За да поминат проектите за кои сите вие се согласувате дека му се потребни на градот, а градоначалникот не ги почнува или воопшто ги нема во својата програма, рече Петровска.
Петровска повика на овој начин да се даде поддршката на нејзините колеги бидејќи доаѓаат од иста партија и коалиција, „а во партијата од каде доаѓаме она што сме го ветиле го реализираме“.
-Вие сите знаете колку многу добија војниците од Тетово, Вашите сограѓани кои застанаа во армискиот строј и ја чуваат нашата држава. Знаете дека Законот за служба во Армијата стоеше заглавен во Собранието повеќе од една година,блокиран од опозицијата, со решенија на кои сите припадници на Армијата меѓу кои и Вашите сограѓани чекаа со нептрпение. Но, со посветеност и истрајност предложивме нов, уште подобар текст на Законот и тој се усвои во Собранието.
Се што ветив сега се реализира – војниците и офицерите на кои минатите 4 години месечните приходи им пораснаа за повеќе од 50% сега со Законот добија уште едно покачување, право на користење на средства од над 9000 денари за станарина ќе има секој војник веднаш штом ќе стапи во редовите на Армијата, условите за пензионирање се уште поповолни, правото за исплата на отпремнина е износ од две просечни плати но не помалку од 1 000 евра за секоја година помината во Армијата.
Сега секој војник кој и служел на државата ќе може да земе отпремнина од околу 20 000 евра, кажа Петровска.
Министерката појасни дека ова е само мал дел од сето она што нашите војници и офицери го заслужуваат.
-Ова не се само зборови, ова се реални чекори. Затоа бидете уверени дека напредокот на Тетово, европско Тетово може да биде реалност само доколку советниците на СДСМ и коалицијата ја добијат вашата довеба и можноста да бидат вашиот глас во Советот и да ги спроведат своите идеи за доброто на Тетово – на дело, стои во обраќањето на Петровска од Тетово.