Петровска за Мицкоски: Која е потребата на претседател на политичка партија да се јави кај вработен којшто води некаква истрага во МВР и да сугерира?

од Nikola Popovski

„Би сакала Мицкоски да ја прифати мојата покана и на една дебата да му ги одговарам сите прашања кои ги има , со оглед на тоа што тој постојано ги менува изјавите во однос на овој случај“, изјави дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска во интервју за емисијата „360 Степени“ за случајот „Теретана“.

Таа вели дека е добро што Мицкоски потврдува дека имало телефонски разговор со вработен во МВР и прашува која е потребата на претседател на политичка партија да се јави кај вработен кој води некаква истрага во МВР и да сугерира или да се повикува на било што.

Петровска вели дека станува збор за службена белешка која до неа и до Чулев била доставена на 29 април.

„Службената белешка е подготвена од вработениот со кој бил извршен телефонскиот разговор а пропратниот акт е потпишан од помошникот и од дополнителниот помошник на министерот на Одделот за внатрешна контрола“, вели Петровска.

Во однос на барањето на Мицкоски да се објави разговорот, Петровска вели дека одговорно тврди дека ниту една институција нема нелегално следење на комуникациите.

Слични содржини