402
„Пријатели ми кажаа дека грчката партија СИРИЗА имала одлична економска политика, но поради Македонија, ќе биде симната од власт. И ја симнаа од власт. Тука Заев не беше симнат од власт, затоа што го има за противник Мицкоски“, вели членот на ВМРО-ДПМНЕ, Филип Петровски за емисијата „Клик плус“.
Според неговите зборови, најдобра спаринг вреќа за Заев во моментов е лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски.
„Заев може и намерно не го потопува, туку го држи во вода. Мицкоски не може да го победи Заев. Ако има некој друг претседател ВМРО-ДПМНЕ, тогаш Заев може да изгуби на избори. Моментално во „Белиот дворец“ нема мажи“, посочи Петровски, додавајќи дека токму Сашо Мијалков го ставил Мицкоски за лидер на партијата преку нелегитимен конгрес.