Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска на штотуку завршениот Деа Филмски Фестивал во Тирана (2 до 8 Мај) освои две награди и тоа главната награда за Најдобар филм и наградата за Најдобра женска улога која ја доби Зорица Нушева за нејзината восхитувачка интерпретација на Петрунија.

Петчленото жити предводено од холанѓанката Клаудија Лансгенберг, со голема радост и оптимизам за балканската кинематографија го соопшти главниот победник „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска.
На церемонијата во Тирана присуствуваа нашите двајца актери Зорица Нушева и Џевдет Јашари, кои ги примија наградите.
Петрунија во месец мај ќе биде преставен на 3 фестивали и по Tirana FF, патува на фестивал во Романија Transilvania FF, каде филмот е откупен и за кино дистрибуција, и оттаму и во Украина каде исто така филмот ќе се дистрибуира, а ќе биде претставен најпрво на Molodist Film Festival.