Подолжува успешниот интернационален пат на „Господ постои, името и е Петрунија”.

Најновата награда доаѓа од Оренбург, Русија, каде на Меѓународниот филмски фестивал „Исток и Запад – Класика и авангарда” на Зорица Нушева за улогата на Петрунија и беше доделена наградата „Златен сарматски лав“ за главна женска улога.
Ова е второ директно признание за извонредната глума на нашата актерка и веќе единаесетта награда за филмот на меѓународната сцена.