„СДС не може да има црвени линии, тоа е уште една лага како жицата од гитарата на Заев во која се колнеше“, кажа на денешната прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Тој вели дека никој не очекува национална политика од Венко Филипче и СДСМ.
Тој посочи дека или СДСМ и Филипче имаат „многу лош ПР“, или пак „мислат дека народот заборава кои се тие“.
„СДСМ е партијата чиј претходен претседател и ментор на Филипче, Зоран Заев, ветуваше дека ако го смени името, ќе му се скине жицата. Го смени името, а од жицата – ништо. Сега и Филипче си најде своја жица – ја нарекува црвени линии, а всушност се бонбона-бизниси за Бугарија, државата од каде со Заев вртат милиони, од адреси каде фирма има и тој самиот“, додаде Петрушевски.
Според него, Филипче со своите ставови испраќа порака до официјална Софија дека е „спремен на се“, што, како што тврди, народот го гледа и ќе знае да го санкционира.
СДСМ ја предложи Резолуцијата на 25 септември, а Мицкоски веднаш потоа рече дека по локалните избори ВМРО-ДПМНЕ ќе подготви „вистинска, македонска Резолуција“ оти „народот не е наивен и добро ги памети сите нивни изјави, предавства и лаги“.