Се ближи сезоната на настинки и грип, подгответе се за тоа. Зајакнете го вашиот имунитет природно со овој моќен пијалок што можете да го направите дома.
Ќе ви требаат четири состојки, кои имаат антимикробно дејство и содржат висок процент на витамини, минерали и други хранливи материи кои се потребни за да се заштитите од вируси и грип.
Покрај тоа, конзумирањето на овој пијалок може да ви помогне да го регулирате нивото на шеќер и холестерол во крвта, а исто така ќе ја подигне вашата енергија.
Антиоксидантните супстанции на овој пијалок ќе ги спречат воспалителните процеси во телото и позитивно ќе влијаат на одбранбениот механизам на телото.
Состојки: 2-3 кесички чај од камилица, 30 мл јаболков оцет, 30 мл свежо исцеден сок од лимон, 1 лажица домашен мед.
Подготовка: Прелијте ги кесичките со чај од камилица со врела вода и оставете ги да отстојат 5-10 минути. Исцедете го чајот и додадете јаболков оцет, сок од лимон и мед.
Промешајте го пијалокот и оставете да се излади.
По желба, можете да додадете и свежо сецкан ѓумбир.