Вкусот на овие крофни нема да ве остави рамнодушни

Потребни состојки (за 20 крофнички):
75 грама суво грозје
4 лажици ракија
500 грама брашно
прстофат сол
1 коцка свеж квасец
75 грама шеќер
250 милилитри млеко
75 грама путер
1 литар масло
шеќер во прав за наросување
Приготвување:
Потопете го сувото грозје во ракија и оставете го половина час за да омекне.
Просејте го брашното во сад, измешајте го со сол, па во средина направете вдлабнатина во која ќе го ставите квасецот што претходно сте го изматиле со две лажици шеќер и 4 лажици млако млеко.
Покријте го садот со крпа и почекајте триесетина минути додека не запени квасецот.
За тоа време, стопете го путерот и оставете го да се излади.
Во садот со брашно и квасец, додајте го остатокот од шеќерот и млекото, стопениот путер и сувото грозје, па замесете меко тесто.
Во подлабоко тенџере загрејте масло.
Проверете дали маслото е доволно врело со тоа што ќе потопите дршка од лажица во тенџерето, па ако околу неа се создадат меурчиња, може да почнете со пржење.
Спуштајте го нараснатото тесто со лажица во врелото масло и пржете ги топчињата 4-5 минути, со тоа што постојано ќе ги вртите додека не заруменат на сите страни.
Вадете ги пржените крофнички со лажица со дупки на кујнска крпа или салвета и оставете ги да се исцедат.
Наросете ги со шеќер во прав и послужете ги топли.