Пијан насилник нападнал две лица и ја грабнал поранешната партнерка

По извршени проверки е констатирано дека скопјанецот има 1,15 промили алкохол во крвта

од Nikola Popovski
13 прегледи Фото: МВР

На 18.02.2026 во 22:50 часот во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода П.Г.(50) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека пред маркет на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје физички ги нападнал В.С.(40) од Скопје и С.В.(51) од Крива Паланка, а потоа со закани ја внел во патничко возило неговата 44-годишна поранешна партнерка и физички ја нападнал.

По извршени проверки е констатирано дека П.Г. е под дејство на алкохол, односно дека има 1,15 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветена пријава.