Пијан возач фатен во Штип со 2,27 промили – Едвај стоел, а седнал зад волан!

од desk4
82 прегледи

На 21 мај околу 21:58 часот, штипската полиција приведе 52-годишен маж од село Долни Липовиќ, радовишко, откако бил фатен пијан зад волан.

При рутинска контрола на улицата „Маршал Тито“ во Штип, полицијата го сопрела неговото возило марка „Форд“ со радовишки таблички. При алкотестирање, кај него биле измерени 2,27 промили алкохол во крвта.

Возачот веднаш бил исклучен од сообраќај, а против него ќе биде поднесена кривична пријава за безобѕирно управување со моторно возило, согласно член 297-а од Кривичниот законик.