Пијани девојки пиеле алкохол и пушеле цигари во црква во Киев за Велигден: „Ова е дно“ (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
387 прегледи

Непријатна сцена се случи вчера во црква во Киев, кога неколку пијани девојки влегле во местото за богослужба и започнале да создаваат хаос.

Според украинските медиуми, девојките влегле во црквата и започнале да пијат алкохол, но и запалиле цигари. После тоа, тие започнаа да ги гаснат свеќите кои верниците ги запалиле на Велигден.

Цело време, девојките снимале што прават во црквата, а потоа ги објавиле снимките на социјалните мрежи.

Нивното однесување најостро го осудија корисниците на социјалните мрежи, кои рекоа дека треба да се срамат.

– Да се разбереме, јас не сум верник, но мора да се знае редот. Ова е дно – напиша еден корисник.

Патем, во текот на вчерашниот ден, Украинците масовно споделуваа снимки од црквите низ целата земја, и тоа не од добра причина. Имено, кршења на корона мерките биле забележани во неколку цркви, па многу верници дошле на богослужба без маска, и никој не ја држел пропишаната оддалеченост, туку сите се туркале.

Слични содржини