Македонската пијанистка Дуња Иванова, на 24 март, ќе одржи рецитал во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово со почеток во 19.30 часот, кој ќе го посвети на култниот јапонски композитор Руичи Сакамото.
На програмата се неговите најпознати дела, меѓу кои и The Sheltering Sky, A Flower is not a Flower, Whuthering Heights, SolitudeEnergy, FlowParolibe, Merry Christmas, Mr. Lawrence…
На овој концерт, пијанистката Дуња Иванова за прв пат во Македонија ќе го претстави поголемиот дел од творештвото за пијано на Сакамото.
Дуња Иванова (1985) магистрира на вокално-инструменталниот оддел на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата по пијано (2010), магистрира (2009) и докторира (2015) на катедрата за естетика на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет при Универзитетот ,,Кирил и Методиј“ во Скопје.