Пијте вкусно кафе од “Пријатели”

од Vladimir Zorba
178 прегледи

Во 2019 година, изминаа 25 години од првата епизода од серијата “Пријатели”. Претворајќи се во феномен, ситкомот успеа да ја одржи публиката пред екраните 10 години. Епизодите ја прикажаа приказната за група пријатели – три девојки и три момчиња кои се борат со нивните секојдневни проблеми, но во исто време тие секогаш се поддржуваат.

Во 1994-та  Мет Ле Бланк (Џои), Метју Пери (Чендлер), Дејвид Шуимeр (Рос), Кортни Кокс (Моника), Лиза Кудроу (Фиби) и Џенифер Анистон (Рејчел) се ѕвезди во подем. Нивната слава е толку голема што во последните сезони секој актер добива 1 милион долари во епизода. Шоуто е снимено пред жива публика, а шегите и муабетите се се уште актуелни. 

Поголемиот дел од времето, друштвото го  поминува во Централ Перк Кафе во разговорите за животот, љубовта и проблемите. Го пиеја со такво уживање секој пијалак што го служеа што фановите беа желни да нарачаат топло кафе, да седнат на удобниот тросед и да се почувствуваат како дел од шоуто. 

https://www.instagram.com/p/B0Of9GnA_Tq/?utm_source=ig_embed

 

Сега, ја добиваат оваа можност, бидејќи кафе во Лос Анџелес нуди инспирација од серијата. Можете да уживате во богато кафе  со вкус на какао, црно кафе или чај. Производите се лиценцирани од Warner Brothers кои ги поседуваат правата на “Пријатели” и ќе бидат објавени на 31-ви јули. 

Ако одите на ова место, можете да нарачате специјален пијалак со името на секој од ликовите. “Џои” е ладен чај со вкус на манго, “Моника” е ајскафе, “Рејчел” е вкусно млеко, “Рос” си е нормално кафе, “Чендлер” ќе ве воодушеви со прекрасно млеко со кокосов вкус, а “Фиби” со чудната комбинација на кафе со крем и бисквити. 

Фото: Ројтерс

Ова не е единствениот бизнис што е инспириран од серијата. Компанијата за продажба на мебел почна да им нуди на своите клиенти перници, шкафови и чаши со мотиви од “Пријатели”. За жал, ова е единственото нешто со што фановитеќе можат да се задоволат, бидејќи нови епизоди од нивното омилено шоу најверојатно нема да бидат снимени.