Пикантна оброк салата со пилешко месо

од Stefanija Kuzmanovska

Салата со пилешко бело месо и чили.

Состојки:

– 250 гр пилешко бело месо

– 3 домати

– 1 пиперка

– 1/2 кромид

– 1 лажичка сос од домати

– 1/2 лажичка чили во прав

– малку рендан кашкавал

– маслиново масло

– зелена салата

Дресинг:

– 2 лажици маслиново масло

– 1 кафена лажичка сенф

– сол, бибер

Подготовка:

Исечете го месото на парчиња. Посолете и пропржете на масло заедно со ситно сечканиот кромид. Доволни се околу пет минути.

Потоа додадете малку вода, 150 милилитри, измешајте го доматниот сос и оставете да се крчка околу пет минути.

Доматот и биберот исечкајте ги на ситни парчиња и ставете ги во длабок сад.

По желба можете да додадете и зелена салата.

Измешајте ги сите состојки за дресингот и прелијте ја салатата, додадете го ренданиот кашкавал и убаво измешајте.

Прво ставете ја салатата во садот за сервирање, а потоа додадете го месото заедно со сосот од садот. На крајот додадете уште малку рендан кашкавал и малку бибер.

Слични содржини