Пике: Колку пати сум имал секс овој месец? Се брои со Реал на „Бернабеу“?

од Vlatko K
169 прегледи

Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике иронично одговори на зачинетото прашање од интимна
природа на шпанска телевизија.


Водителот го праша Пике колку често имал секс во текот на овој месец, а дефанзивецот не ја
пропушти можноста да го рани големиот ривал Реал Мадрид.

„Колку пати имав сексуален однос овој месец? Реал се брои на „Бернабеу“?, изјави Пике.

Барселона го победи Реал двапати во рок од три дена среде Мадрид – најнапред со 3:0 за Купот на
27 февруари, а потоа и со 1:0 за првенството на 2 март.