Во пресрет на долгooчекуваниот натпревар меѓу Србија и Албанија, селекторот на српската фудбалска репрезентација, Драган Стојковиќ Пикси, ја шокираше јавноста со изјава што одекна како бомба на прес-конференцијата.
„Поднесувам оставка веднаш по оваа конференција, ако јас сум проблемот!“, изјави Пикси, видно вознемирен од прашањата и притисокот околу состојбата во тимот и очекувањата од јавноста.
Оваа изјава доаѓа во момент кога репрезентацијата на Србија е под голем притисок да постигне добар резултат на претстојниот натпревар, кој има не само спортска, туку и силна симболична тежина. Пикси нагласи дека секогаш ја преземал одговорноста за сè што се случува во тимот, но дека не прифаќа да биде жртвен јарец.
„Не бегам од одговорност. Но, ако навистина некој мисли дека јас сум причината за лошите резултати или атмосферата – нема проблем. Ќе си заминам веднаш“, додаде Стојковиќ.
Фудбалската јавност остана затечена од ваквата изјава, а социјалните мрежи веднаш се преполнија со реакции – од поддршка, до критика.
Очекувањата сега се уште поголеми – не само за резултатот на терен, туку и за судбината на селекторот по натпреварот.