Селекторот на српската репрезентација Драган Стојковиќ – Пикси е уверен дека младата англиска ѕвезда Џуд Белингем еден ден ќе ја освои Златната топка. Србите за првпат се во завршницата на Европското првенство како самостојна нација и учеството на турнирот го започнуваат против Англија, која важи за фаворити.
„Подобро да не игра Белингем, но да видиме“, се пошегува српскиот селектор. – Тој е одлично момче, тој е идна „Златна топка“. Импресивно е како игра и што покажа во дресот на Реал Мадрид. Тој е многу млад, но и многу моќен и мора да бидеме внимателни“, предупреди Стојковиќ.
„Мораме да ги затвориме просторите, да не му дозволиме да игра слободно со топката и да стекне терен пред него“, додаде тој.
„Мораме да бидеме многу внимателни во одбраната, да ги запреме опасните ситуации“, смета Стојковиќ.
Ова мислење го делеше и капитенот на Србија Душан Тадиќ.
„Џуд е голем играч, еден од најголемите таленти. Тој дефинитивно ќе биде меѓу најголемите закани за нас и мораме да дадеме се од себе за да го спречиме“, изјави фудбалерот на Ајакс и Фенербахче.