Пикси предлага натпревар меѓу Македонија и Србија од хуманитарен карактер по трагедијата во Кочани

од Nikola Popovski
35 прегледи

Драган Стојковиќ Пикси, селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, ја почнал денешната прес-конференција по повод плеј-оф натпреварите на Србија со Австрија за опстанок во Лигата на нации, со трагедијата што се случи во Македонија и изразил сочувство до семејствата на загинатите во Кочани.

„Пред да ја започнеме конференцијата за натпреварот, се случи голема трагедија во Кочани. Би сакал да изразам сочувство до народот на Македонија и до семејствата на жртвите. Ќе предложам ФСС да стапи во контакт со Фудбалската федерација на Македонија да одиграме натпревар со нив во наредниот период и сето тоа да има хуманитарен карактер. По нашите трагедии, уште една голема, но тоа е животот“, рекол на прес-конференцијата речиси расплаканиот Стојковиќ.

Дел од српските медиуми ја поздравија ваквата изјава чест за Пикси, бидејќи, како што велат, љубовта и поддршката од Србија треба и мора да допре до семејствата на загинатите од Кочани и цела Македонија.

Слични содржини