1,7K
Рецепт за сочни пилешки крилца.
Состојки:
– 1 кг пилешки крилца
– 2 лажици вегета
– 1 лажичка црвен пипер
– 1 лажичка мед
– 1 лажица сенф
– 1/2 лажичка кари
– бибер
– чили
– сок од еден лимон
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки во поголем сад, а на крајот додадете ги пилешките крилца. Потребно е секое парче да се премачка подеднакво.
Покријте сè со фолија и ставете го во фрижидер најмалку половина час за месото да ги впие сите зачини.
Ако имате време, можете да го маринирате месото претходната вечер.
Во голем плех ставете хартија за печење, а потоа наредете ги пилешките крилца. Печете ги во рерна на 200 степени додека не поруменат.
Послужете со компири или по желба.