Пилешки ражничи: Бело месо маринирано во путер од кикирики

од desk2
256 прегледи

Вкусни ражничи, идеални за скара…

СОСТОЈКИ:
4 парчиња бело пилешко месо
6 лажици путер од кикирики
2 лажици маслиново масло
1/2 лажица чиа во прав
1 чешне лук
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Исечкајте го пилешкото на ленти. Во сад добро измешајте путер од кикирики, чили и иситнет лук.
Додајте го пилешкото и извалкајте го во смесата да биде покриено од сите страни. Поклопете и оставете го на ладно место да се маринира.
Месото набодете го на ражничи и печете на грил тава 5-10 минути, вртејќи го рамномерно.
Добар апетит!/Gotvi.mk

Слични содржини