252
Вкусно јадење од пилешко месо…
СОСТОЈКИ:
250 гр пилешко филе
100 гр кикирики
праз
2 зелени пиперки
2 чешниња лук
1 лажица густин
1 лажичка ѓумбир во прав
50 мл соја сос
50 мл бело вино
масло
сол
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
На масло пропржете кикирики пет минути, извадете ги, па во истата маснотија испржете пилешко исечкано на коцки. Извадете го месото и во таа тава пропржете ситно сечкан праз, додајте исечкана пиперка.
Половина чаша вода, вино, соја сос и густин измешајте во сад, додајте ситно сечкан лук и ѓумбир, па на крај пилешко и кикирики. Посолете и оставете кратко да крчка на намалена температура. Послужете со варен ориз.
Добар апетит!